Ömer Süt
10 Мај 2018•Ажурирај: 11 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - Во рамките на истрагата против припадниците на терористичката организација ФЕТО инфилтрирани во турските воздухопловни сили која се спроведува во 15 турски градови, Јавното обвинителство во Измир издаде налог за апсење на најмалку 96 лица, а досега се уапсени 65 од нив, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дел од истрагата спроведена од Одделот за борба против тероризмот и организираниот криминал во обвинителството во Измир, беа откриени голем број припадници на ФЕТО, така што нивните имиња беа пронајдени во запленети дигитални материјали. Беше откриено дека одредени имиња во воздухопловните сили на Турција телефонски биле контактирани од челни луѓе на ФЕТО.
Полицијата потоа изврши истовремена акција за апсења во 15 турски градови, во која од вкупно 96 лица за колку што е издаден налог за апсење, беа притворени 65. Приведените се пренесени во полицијата за понатамошно процесуирање, додека акцијата продолжува.