Ekipa
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара издаде налог за приведување на 129 поранешни припадници на турските сили за безбедност кои се суспендирани под сомнение за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипи за борба против тероризмот при полицијата во Анкара, започнаа акција за приведување на лица за кои постои сомнение дека се поврзани со ФЕТО. Акцијата е изведена во утринските часови во 21 град во Турција, со фокус на Анкара.
Во акцијата се приведени 60 осомничени.
Меѓу лицата за кои е издаден налог за приведување се наоѓаат шеф на полиција од прва категорија, девет шефови на полиција од четврта категорија, шест полициски офицери, четири главни полициски комесари, 11 комесари, 28 заменици комесари и 64 полицајци.
Утврдено е дека осомничените лица го користеле системот за шифрирана комуникација „ByLock” (БајЛок).