Sefa Mutlu,Kenan Irtak,Kaan Bozdoğan
08 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во истанбулскиот кварт Јеникапи започна митингот за поддршка за уставните промени пред референдумот за пакетот уставни промени, кој во Турција ќе се одржи на 16 април, јавува Anadolu Agency (AA).
Митингот е организиран под мотото „Татковината е нашата љубов, да за народот", а бројните граѓани пристигнаа од европските и азиските страни на градот.
Граѓаните носат знамиња на Турција и транспаренти на кои пишува „Да" (Evet). На митингот свое обраќање имаат претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган како и премиерот, Бинали Јилдирим.
Превземени се високи безбедносни мерки, а поставени се повеќе од 100 контролни точки на кои се врши претрес. Можно е да се забележат и фотографии на моменталниот претседател и премиер на земјата, како и основач на Републиката, Мустафа Кемал Ататурк.
На делот позади трибините предвидени за претставници на локалните и странските медиуми, се испишани имињата на мачениците од 15 јули, денот кога воените лица лојални терористичка организација ФЕТО извршија неуспешен обид за државен удар.