Cem Genco
27 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Март 2019
ХАТАЈ (АА) - Во училиштето „Истиклал“, кое се наоѓа во градот Рејханли, во турската област Хатај, настава следат 17 близнаци и 3 тројки, јавува Anadolu Agency (AA).
Во училиштето во кое се школуваат 1.075 ученици, 17-те близнаци и 3-те тројки се во фокусот на вниманието на наставниците и нивните соученици. Меѓу учениците има и близнаци кои потекнуваат од Сирија.
Дел од еднојајчените и двојајчените близнаци се во исти одделенија, а дел од нив наставата ја следат во различни одделенија. Поради сличноста меѓу близнаците и тројките, соучениците и наставниците повремено ги мешаат.

Ајше Бетуљ Тургут, ученичка во 7. одделение, која е една од тројките што ја следат наставата во ова училиште, за АА изјави дека посебна убавина даваат близнаците и тројките што се школуваат во училиштето.
Истакнувајќи дека на часовите постојано си помагаат меѓусебно, Ајше Тургут рече: „Во истото одделение имаме другарчиња кои се близнаци. Постојано сме заедно со другите близнаци и тројки во училиштето. Играјќи игри, убаво го минуваме времето. Многу посебно чувство, среќна сум што сум тројка“.

Хамит Ердем Џунејдиоглу, еден од близнаците што се школуваат во училиштето, изјави дека постојано се заедно со другарчињата кои како нив се близнаци и тројки.
Џунејдиоглу, изјавувајќи дека е среќен што е во исто одделение заедно со својот брат, рече: „И на училиште и дома, заедно со брат ми, времето многу убаво го минуваме. Многу добро се разбираме со нашите другарчиња кои се близнаци или тројки“.