Melike Kınacı
28 Декември 2016•Ажурирај: 29 Декември 2016
АНКАРА (АА) - По налог на Обвинителството во Анкара, во рамките на истрагата за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, во 22 града во Турција од слобода се лишени 34 активни воени лица, од кои четворица офицери и 30 подофицери, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за лишувањето од слобода на активните воени лица во 22 турски града е потврдена во соопштението на кабинетот на гувернерот во Анкара.
Нагласено е дека од слобода се лишени 34 активни воени лица, од што четворица офицери и 30 подофицери.
Исто така, се вели дека меѓу војниците има петмина припадници на копнените сили, двајца припадници на морнарицата, еден припадник на воздушните сили, додека останатите 26 се од турската жандармерија.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, одговорна е за обидот за државен удар во Турција, кој се случи на 15 јули оваа година.