Satuk Buğra Kutlugün
30 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турција испрати товарен авион во Кина за да ги евакуира своите државјани и државјните од околните земји од градот Вухан, местото каде што за прв пат се појави коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Авионот полета од воениот аеродром „Етимесгут“ во Анкара за да ги евакуира 34-те турски државјани, како и седум граѓани на Грузија, седум на Азербејџан и еден државјанин на Албанија.
Со авионот лицата ќе бидат вратени во Турција на нивно барање, откако извршиле детални здравствени прегледи под карантински услови.
Турскиот авион, на иницијатива на Министерството за здравство, ќе носи здравствени работници искусни со заразни болести.