Özgün Tiran
16 Февруари 2019•Ажурирај: 17 Февруари 2019
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Во градот Киркларели, во западниот дел на Турција, фатени се најмалку 33 непријавени мигранти кои се обиделе по нелегален пат да ја напуштат земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските екипи добија дојава дека група мигранти се подготвуваат на нелегален премин на границата со Бугарија и заминување во европските земји.
Во акцијата на жандармеријата се фатени најмалку 78 лица, а утврдено е дека се работи за мигранти со потекло од Авганистан, Ирак, Иран и Пакистан.
Тие се обиделе да преминат во Бугарија преку пограничните села Кофџаз, Лулебургаз и Демиркој.
Странците се предадени на надлежната Дирекција за управување со миграции во Киркларели.