Ekipa
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Во налет на торнадо во подрачјето на Газипаша во Анталија повредено е едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА дознава дека над морето, во текот на попладневните часови се појавиле два вртлога, и дека едниот ја погодил плажата Селинус, при што е повредено едно лице.

Во налетот на торнадото причинета е штета на возилата и околните објекти, а градоначалникот на Газипаша, Адил Челик, изјави дека вртлозите се појавиле одеднаш по сончевото време.
Челик додаде дека повреденото лице не е во животна опасност.
По торнадото подрачјето го зафатија обилни врнежи од дожд и град.