Abdullah Doğan
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
КОЊА (AA) – Обидот за државен удар на 15 јули, оваа година во Турција, изведен од страна на припадниците на терористичката организација ФЕТО, запрен е благодарејќи му на храбриот отпор на турскиот народ, кој таа ноќ излегол на градските плоштади и улици. Меѓу илјадниците храбри Турци таа ноќ на улиците излегол и Сабри Унал (34) , кој храбро легнал на улицата во истанбулскиот кварт Алтунизаде и се здобил со потешки повреди откако преку него поминале два тенка. Нешто помалку од три месеци по обидот за пуч, Унал одлучил да ги тужи пучистите, јавува Anadolu Agency (AA).
Како и бројните граѓани на Турција, и Унал таа ноќ ги слушнал пораките на претседателот Реџеп Таип Ердоган и сфатил дека се повеќе луѓе има на улиците и ги видел тенковите како пукаат и одат кон масата во која се наоѓал.
Како што можеше да се види и на видеоснимките објавени по обидот за пуч, Унал застанак пред тенкот со кој управувале пучистите, а кога му се приближил, легнал на улица и тенкот поминал преку него. Не се повредил, станал, а потоа наишол на друг тенк кој му ја прегазил раката, односно тешко го повредил.
Адвокатот на Унал, Нух Сами Јилдирим рече дека неговиот клиент таа ноќ во улицата Кисикли се обидел да ги запре тенковите, како и дека пучистите свесно се обиделе да го прегазат, иако го приметиле на улица.
„Во случај мојот клиент неколку часа подоцна да беше хоспитализиран, постоеше голема можност раката да му биде ампутирана. По првата интервенција префрлен е во болницата Мармара, каде се опоравува до денес", рече Јилдирим.
Истакна дека Унал пред законот на Република Турција ќе бара правда за штетата која му е нанесена и додаде:
„Терористите на ФЕТО, кои се обидоа да го изведат државниот удар таа ноќ, свесно се обидоа да го убијат мојот клиент. Упативме барање за покренување на тужба во обвинителството во Истанбул и барање лидерот на оваа терористичка група, Фетулах Ѓулен, како и останатите пучисти, да се казнат на најстрог начин."