Birol Güngördü
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Езине, во турската област Чанаккале, фатени се 83 мигранти од Сирија кои имале намера по илегален пат да преминат во Италија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на турската крајбрежна стража во морското подрачје на Тавакли забележале чамец „Saraga“ (Сарага) долг 11 метри кој пловел под знамето на САД.
Турските тимови одредено време го следеле чамецот и од екипажот побарале да го сопре пловилото.
Откако тоа не е направено, започнала акција во која се откриени 83 мигранти, од кои 18 жени и 27 деца. Приведени се тројца украински државјани поради организирање нелегално преминување на границата.
Мигрантите се приведени во Центарот за враќање на странци во Ајваџик, Турција.
АА дознава дека Сиријците на организаторите им платиле по три илјади долари по лице за да ги однест до Италија.