Burak Dağ
16 Јануари 2021•Ажурирај: 17 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку осум осомничени лица се приведени поради поврзаност со терористичката организација ЈПГ/ПКК во операција во Истанбул, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките полициски единици спроведоа истовремени рации на девет адреси во пет истанбулски населби за приведување на осомничени припадници на ЈПГ/ПКК“, изјавија изворите кои сакаа да останат анонимни.
„Полициските тимови утврдија дека деветмина осомничени терористи, кои биле активни во сирискиот огранок на ПКК и во руралната структура на терористичката организација, се наоѓале во Истанбул“, додаде изворот.
Запленети се документи на организацијата, а во тек е операцијата за пронаоѓање на преостанатиот осомничен.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации во Турција, Европската Унија и во САД. За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.