Salih Baran
17 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Гувернерството на севернозападната турска област Едрене соопшти дека од почетокот на мигрантското движење досега кон Грција преминале над 147.000 мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на гувернерството се наведува дека 126.827 мигранти, кои биле фатени минатата година во Едрене, биле пренесени во центрите за враќање на странци при градската Дирекција за миграција.
Се вели дека мигрантскиот бран е започнат на 27 февруари од различни места во Турција кон граничната линија.
Во ова соопштение се нагласува дека единиците што се наоѓаат на граничната линија го информираат Гувернерството на Едрене во врска со преминувањата кон Грција.
„Од 27 февруари 2020 година досега кон Грција преминаа вкупно 147.132 мигранти, а преминувањата се сè уште во тек“, се додава во соопштението.
Во соопштението на Гувернерството на Едрене се наведени информации во врска со острата интервенција на грчките сили против мигрантите.
Како резултат на интервенциите на грчките гранични безбедносни сили во кои се користени солзавец, димни и звучни бомби, како и со вистински и гумени куршуми, смртно настрадаа тројца мигранти, а повредени се 214 мигранти.