Mümin Altaş
18 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во операциите извршени во турската област Хакќари, во близина на турско-ирачката граница, беа неутрализирани 15 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) вчера во областа Шемдинли спровеле акции против сепаратистичката организација ПКК.
Во акцијата се неутрализирани 15 припадници на споменатата терористичка организација.