Ekipa
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Нуман Куртулмуш, вчера по состанокот на Владата на Турција во Анкара, ја отфрли можноста германските претставници во наредниот период да ја посетат воената база „Инџирлик“ во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој нагласи дека не е вистинско време германската делегација да ја посети базата „Инџирлик“.
„Сакам уште еднаш да нагласам дека 'Инџирлик' е турска база. Управувањето на воената база е во потполност под контрола на Турција. Затоа, засега сметаме дека не е вистинско време германската делегација да ја посети базата Инџирлик“, изјави Куртулмуш.
Тој додаде дека одлуката на Германија да ги премести своите трупи на друга локација била, како рече, еднострана одлука што ја донесуваат властите на таа земја.
Од друга страна, турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, претходно истакна дека германските претставници можат да ги посетат нивните трупи во базата на НАТО во Коња, додавајќи дека турските власти ни во наредниот период нема да дозволат посета на базата „Инџирлик“.