Ecenur Çolak
18 Август 2017•Ажурирај: 18 Август 2017
АНКАРА (АА) - Турција остро го осуди терористичкиот напад во Барселона во којшто загинаа 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој грозоморен напад уште еднаш го покажа бруталното лице на тероризмот, кој го има за цел целото човештво“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Изразено е сочувство до семејствата на жртвите од нападот како и брзо закрепнување на повредените.
„Уште еднаш, изразуваме солидарност со пријателската и сојузничка Шпанија во борбата против тероризмот“, се вели во соопштението.
Полицијата соопшти дека инцидентот во Барселона, во кои загинаа 12 лица, е терористички напад.