Uğur Çil
30 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
КАИРО (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција го осуди нападот на црквата во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 10 лица загинаа во напад извршен на црква во Хилван, јужно од Каиро, а во врска со нападот се огласи и турското Министерството за надворешни работи.
Во соопштението е наведено дека нападот се осудува најостро, а упатени се и пораки на сочуство на семејствата на загинатите и египетскиот народ, а на ранетите им посака побрзо опоравување.
Локалните медиуми вчера објавија дека дошло до отворање на оган на припадниците на безбедносните сили при што тие им возвратиле. Неутрализиран е еден од напаѓачите, а по другиот кој е во бегство, покрената е опсежна потера.
Во април во смртоносниот напад на двете цркви во северен Египет се убиени 45 лица. Одоговорност за нападот, кој се случи на христијанскиот празник го презеде терористичката организација ДЕАШ.