Gökhan Varan
30 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
АНКАРА
Министерството за надворешни работи на Турција го осуди убиството на Мухсен Фахризаде, ирански научник кој загина како резултат на оружен напад во иранскиот главен град Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското министерство објави соопштение во врска со убиството на иранскиот научник Фахризаде.
„Тажни сме што иранскиот научник Мухсин Фахризаде загина како резултат на оружен напад во Техеран. Го осудуваме ова ужасно убиство и упатуваме сочувство до иранската Влада и до семејството на починатиот“, се наведува во ова соопштение.
Според соопштението, Турција е против било каков тероризам и иницијатива кои имаат за цел да го нарушат мирот и безбедноста во регионот.
„Во оваа насока, посакуваме да се откријат сторителите на овој акт и да се овозможи да дадат отчет пред правдата. Ги повикуваме сите страни да направат чекори со здрав разум и трезвеност“, се додава во соопштението на турското МНР.