Cem Şan
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
БУРСА
Две лица смртно настрадаа во поплавите кои го зафатија подрачјето на Кестел во турската област Бурса, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на гувернерството на Бурса, населбите Дудакли, Нарлидере, Ѓолџук, Сарикаја, Кајаџик и Аксу при Кестел вечерва беа погодени од поплави.
Во ова соопштение се нагласува дека надлежни тимови се упатени во местото на настанот.
Во поплавите, животот го загубија две лица.