Kaan Bozdoğan
27 Септември 2021•Ажурирај: 28 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на социјалните мрежи објави фотографии со мачката на неговата внука Џанан Ајбике Бајрактар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На фотографиите се гледа како мачката Пит Пит Шекер седи во скутот на Ердоган и на весникот што го чита.
„Мачката Пит Пит Шекер на мојата сакана внука Ајбике... Многу е заинтересирана за актуелните случувања“, наведе Ердоган во описот на фотографиите.