Büşra Nur Özcan
01 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
БУРСА (АА) - Мулајим Џан од Инегол, во северозападниот дел на Турција, има 152 внучиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој 95-годишен маж е инаку со потекло од поранешна Југославија. Бил учесник и во Втората светска војна, за што ѝ раскажал на пратеничката на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Бурса, Јилмаз Гурел, за време на нејзината посета.
Џан зад себе има два брака и дванаесет деца. Сега е побогат и со 152 внучиња, а како што изјави, на некои не им ги ни знае имињата.