Abdullah Yasin Güler
09 Декември 2019•Ажурирано: 10 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турција депортираше еден странски терористички борец кој е со потекло од Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во соопштението се нагласува дека продолжува депортацијата на странските терористички борци во нивните земји.
Се вели дека во овие рамки депортиран е еден странски терористички борец со потекло од Грција.