Orhan Onur Gemici
01 Ноември 2018•Ажурирај: 01 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во операции на внатрешната безбедност, во последните 24 часа се неутрализирани 19 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското министерство за внатрешни работи издаде писмено соопштение за спроведените операции на внатрешната безбедност во последните 24 часа.
Во соопштението се наведува дека во спроведените операции се неутрализирани 19 терористи, од кои 10 во Ширнак, 4 во Дијарбакир, 4 во Батман и 1 во Газиантеп.