Dilara Zengin
07 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција замрзнат е имотот на 377 лица меѓу кои се наоѓаат челници на терористичките организации ФЕТО и ПКК/КЏК како и високорангирани припадници на овие терористички организации, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за трезор и финансии на Турција ја објави одлуката во Службен весник.
Според оваа одлука, во Турција е замрзнат имотот на вкупно 377 лица, припадници на терористичките организации ФЕТО/ПДЈ, ДЕАШ, ПКК/КЏК и ДХКП/Џ.
Меѓу 205 припадници на ФЕТО чиј имот е замрзнат, се наоѓа и името на челникот на оваа терористичка организација Фетула Ѓулен. На списокот се наојдоа и имињата како што се Хамди Акин Ипек, Екрем Думанли, Хидајет Караџа, Абдула Ајмаз, Ахмет Куруџан, Џемал Ушак, Џевдет Туркјолу, Мустафа Озџан, Мустафа Јешил, Ондер Ајтач и Шериф Али Текалан.
Исто така, замрзнат е имотот на 77 лица од терористичката организација ПКК/КЏК, меѓу кои се и челниците на организацијата Мурат Карајилан, Али Хајдар Кајтан, Џемил Бајик, Дуран Калкан, Хулја Оран, Фехман Хусеин и Ферхат Абди Шахин.
Замрзнат е и имотот на девет припадници на терористичката организација ДХКП/Џ меѓу кои се наоѓаат и Муса Ашоглу и Хусеин Февзи Текин.
Како што се наведува во одлуката, во Турција е замрзнат имотот и на 86 лица, припадници на терористичката организација ДЕАШ.