Aykut Karadağ
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турција започна нова домашна антитерористичка операција во југоисточната област Дијарбакир, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оттаму истакнаа дека вкупно 1.070 припадници на безбедносните сили учествуваат во операцијата наречена „Ерен Зима - 27 (Сарим - Дијарбакир) шехид Ердал Шен“, наредник на жандармеријата.
„Операцијата, која има за цел целосно елиминирање на тероризмот во земјата, одлучно ќе продолжи со поддршка на населението“, додадоа од Министерството.
Минатата година Турција ги започна операциите „Ерен“, именувани по Ерен Булбул, 15-годишно момче убиено од терористичката организација ПКК на 11 август 2017 година.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.