Sena Güler
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
АНКАРА (АА) - Клучен припадник на терористичката организација ФЕТО е ставен зад решетки откако беше приведен во заедничка операција на турската полиција и разузнавачката агенција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, Управата за безбедност во главниот град Анкара и Националната разузнавачка агенција (МИТ) започнале истрага за тајната мрежа на организацијата, при што е откриено дека лицето Решат Назми Орал извршувал клучна функција во рамките на терористичката група.
Орал беше приведен на 29 јули во операција во населбата Батикент во Анкара, а на 9 август се појави пред судија, кој му одреди казна затвор.
Решат Назми Орал, со кодното име Усаме-Метин, ѝ се приклучил на организацијата во 1983 година и ги имал должностите на „консултант за образование, регионален претставник на Југоисточна Анадолија, имам во војската, како и имам во адвокатската мрежа“.
Според добиените информации, неговото кодно име директно му го дал водачот на ФЕТО, Фетула Ѓулен.
Се дознава дека Орал во своето сведочење истакнал дека во тајните служби на ФЕТО бил 19 години, а исто така обелоденил и одредени информации за неговата поврзаност со над 100 т.н. менаџери и припадници на организацијата.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, додека речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирањето во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.