Fatih Atalay
16 Февруари 2021•Ажурирај: 18 Февруари 2021
КОНЈА (АА) - Мехмет Елби, кој живее во областа Сејдишехир во Конја, југоцентрална Турција, веќе 40 години ја негува уметноста за резба на дрво што ја започнал на млада возраст, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мајсторот за калиграфија во дрво, Мехмет Елби (59), во изјавата за АА рече дека започнал со резбање во дрво на 19-годишна возраст со мали предмети.
Наведувајќи дека со текот на времето ја унапредил својата уметност, Елби рече: „Откако стигнав до одреден степен во резбата на дрво, започнав и со калиграфија. Ги посетив изложбите на уметниците за калиграфија.“
Елби истакна дека својата прва изложба ја отворил во 1997 година и дека неговите дела до денес се изложени на 5 различни изложби. Тој отоманските калиграфски дела ги работел на дрвја од орев, роза и топола.
Додавајќи дека особено младите покажуваат голем интерес за оваа уметност, Елби нагласи:
„Но, младите многу брзаат кога работат со калиграфија. Уметноста калиграфија значи трпеливост. Калиграфијата е област каде што трпеливоста се претвора во уметност. Имам еден ученик, него го обучувам.“