Erdoğan Çağatay Zontur
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку четворица терористи на ПКК, меѓу кои и припадник на терористичката организација баран со потерница, се неутрализирани во јужниот дел на Турција, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Како дел од операцијата „Јилдирим 5“, жандармериските сили спроведоа операција во јужната област Хатај“, се соопштува од Министерството.
Еден од терористите неутрализиран во операцијата е Хусеин Аџар, висок член на терористичката организација ПКК, и се наоѓа на сината листа на барани терористи.
Листата на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи е поделена на пет категории: црвена како најбарана, потоа сина, зелена, портокалова и сива категорија на барани.
Турција летово реализира неколку безбедносни операции со цел неутрализирање на терористите кои се кријат во источниот и југоисточниот дел на земјата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.