Sena Güler
30 Март 2018•Ажурирај: 30 Март 2018
ИГДИР (АА) - Најмалку 17 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа која доцна се случи на источниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила кога минибусот кој превезувал илегални мигранти на автопатот Игдир-Карс, удрил во столб за улично осветлување и се запалил.
Настрадаа мигранти кои илегално влегле од Ирак во Турција, а станува збор за државјани од Авганистан, Пакистан и Иран.
Заменикот на Канцеларијата за здравство во областа Игдир, Танер Башаран, за АА изјави дека во минибусот кој е предвиден за превоз на најмногу 14 патници, во моментот на несреќата се наоѓале повеќе од 50.
Гувернерот на областа Игдир, Енвер Унлу, соопшти дека меѓу загинатите бил и возачот на минибусот.
Надлежните служби брзо стигнаа на местото на несреќата и ги згрижија повредените, а истрагата за случајот е во тек.
Паралелно со тоа, турската полиција во истиот регион запрела уште еден минибус и привела 13 мигранти кои на истата рута илегално влегле во Турција.