Cüneyt Çelik
19 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
КАРС (АА) - ЏУНЕЈТ ЧЕЛИК –
Во Карс, во еднодневното пребројување во езерото Кујучук и Рајот за птици „Игдир - Арас“ откриени се 4.378 птици преселници од 170 вида, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со цел да се сврти вниманието кон заштитата на живеалиштата на птиците преселници, на 19 мај - Светскиот ден на птиците преселници, како и во целиот свет, така и во сите 81 област во Турција реализирани се различни студии.
Во овој контекст, во студијата спроведена во Карс од страна на Здружението „Кузеј Дога“, во регионот на езерото Кујучук и Рајот за птици „Игдир - Арас“ во текот на еден ден откриени се 4.378 птици преселници од 170 вида.
- Најмногу видови се откриени во Самсун -
Емрах Чобан, координаторот за наука на Здружението „Кузеј Дога“, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече дека по повод Светскиот ден на птиците преселници, во Турција, која има бројни области, природни живеалишта, важни за птиците преселници, се организираат настани.

Наведувајќи дека настаните се организираат под темата „Пејте како птици, летајте, лебдете. Бидете како нив, чувствувајте се како нив“, Чобан истакна:
„Најголемиот број видови се забележани во Самсун. За време на настанот одржан по повод Светскиот ден на птиците преселници, Здружението „Кузеј Дога“ за броење на птиците помина пат од 787 километри и набљудуваше континуирано 17часа. Во набљудувањата во Карс и Игдир за 24 часа се избројани 4.378 птици од 170 вида.“
Околу 30.000 луѓе низ светот во утринските часови заминаа во областите важни за птиците. Две екипи на Здружението „Кузеј Дога“ започнаа со броење во Карс и Игдир. Како резултат на убавото време, и птиците, исто така, беа расположени. На крајот од набљудувањето, победници беа птиците. Низ светот набљудувани беа 1 милион птици од 7.127 вида.“

- Во Турција во 186 набљудувања идентификувани се 170 вида -
Емрах Чобан истакна дека оваа година најмногу птици се идентификувани во Перу - 1.314 вида. Меѓу 189 земји, Турција се наоѓа на 31. место со идентификувани 170 вида птици.
Изјавувајќи дека во студијата се привлекува вниманието на долгото и тешко патување на птиците преселници, Чобан рече:
„Како и низ светот, популацијата на стотици видови птици се намалува и во нашата земја поради закани како што се уништување на природните живеалишта, климатски промени, илегален лов, труење, собирање на јајцата на птиците и високонапонски линии. Во светот 14 проценти од видовите птици се во опасност, додека 9,3 проценти може да влезат во опасност од загрозување на својот вид. Овие бројки се поголеми во однос на другите суштества.“