Murat Temizer
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот наменски брод за сеизмички истражувања „Оруч Реис“ ќе ги спроведува планираните активности во Источниот Медитеран до 27 октомври, јавува Агенција Анадолија (AA).
Турските власти преку системот „Навтекс“ проследија информации до сите релевантни адреси дека истражувачката мисија на бродот во Источниот Медитеран ќе трае до 27 октомври.
Првобитно мисијата беше планирана до 22 октомври, но според новиот „Навтекс“, бродот ќе остане во тој регион уште пет дена.
„Оруч Реис“ во тој дел од Медитеранот, близу Кипар, е придружуван од бродовите „Атаман“ и „Џингис Хан“.
Турција е земја со најдолго крајбрежје во Средоземното Море и е одлучна во заштитата на своите права и епиконтиненталниот појас во Источниот Медитеран.
Бродот „Оруч Реис“ има капацитет да врши тродимензионални снимања до длабочина од 8 километри, а дводимензионални и до 15 километри.
Станува збор за еден од ретките наменски бродови во светот кој врши дводимензионални и тродимензионални геолошки и сеизмички истражувања.