Orhan Onur Gemici
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
АНКАРА
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека е неутрализиран терорист на ПКК/КЏК, наводно теренски офицер на подрачјето Аманос, кој се наоѓа во црвената категорија на листата на барани терористи, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сојлу во изјавата напишана на неговиот профил на Телеграм информираше дека еден од 4-те членови на терористичката организација, што биле неутрализирани додека се подготвувале да изведат акција во планините Аманос, е Ибрахим Шенгул, познат под кодното име „Бедретин Бедирхан“, наводно теренски офицер на терористичката организација на подрачјето Аманос, што се наоѓа во црвената категорија на листата на барани терористи. Во пораката, министерот Сојлу го наведе и следното: „Им честитаме на нашите херои.“
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Турција се наведува дека во рамките на операциите за внатрешна безбедност, Командата на жандармеријата во покраината Хатај спровела операција поддржана од полициско беспилотно летало, воздухопловните сили, специјалните жандармериски сили и единиците на командоси, при што се неутрализирани 4 припадници на сепаратистичко-терористичката организација, кои се подготвувале за акција во подрачјето Дoртjол, сместено во областа на планините Аманос.
По извршената ДНК-анализа утврдено е дека еден од неутрализираните терористи е Ибрахим Шенѓул, наводно теренски офицер на подрачјето Аманос, познат под кодното име „Бедретин Бедирхан“, кој беше активен во терористичката организација 28 години и учествувал во многу акции и давал упатства за акциите во Хатај, Османије, Кахраманмараш, Малатија, Региони Килис, Газиантеп и Аджааман.
Утврдено е дека Шенѓул се наоѓал на списокот на барани терористи и за неговото фаќање се давала награда од 10 милиони лири (1,2 милиони евра), а по него се издадени и 50 записи за потрага поради терористички злосторства.
- Терористички акции во кои бил вклучен
Терористот Шенѓул на 23 март 1997 година во подрачјето на селото Јончадузу во областа Ерзин во Хатај учествуваше во нападот во кој беа убиени припадник на жандармеријата, кој дошол на отсуство, и тројца цивили, а ранети биле двајца припадници на безбедносните сили.
На 26 март 2004 година во областа Ерзин во Хатај учествува во поставување стапица кога експлозивни средства се поставени во електрична трафостаница. Од експлозијата загина вработен во турската компанија за Дистрибуција на електрична енергија (ТЕДАШ), а ранет е и припадник на жандармеријата.
Утврдено е дека Шенѓул е извршител на акцијата во која на 13 јуни 2004 година се убиени 3 припадници на обезбедувањето во руралните предели на подрачјето Дортјол во Хатај.
Утврдено е дека овој терорист планирал и извршил терористички акти, како што се изнуда, грабеж, палење возила, оштетување имот, киднапирање и закани.