Handan Kazancı
03 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
АНКАРА
Меѓу терористите неутрализирани минатиот месец во источна Турција беше неутрализиран и терорист на ПКК кој се наоѓа на листата на барани терористи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Терористот Сејитхан Аџај, познат под кодното име Бруск Израел, на 30 јули беше неутрализиран во турската источна област Ширнак заедно со тројца други терористи.
Аџај, кој на терористичката организација ПКК и се придружил во 2006 година и престојувал во Израел пет години, се наоѓаше на листата од сива категорија на барани терористи објавена од Министерството за внатрешни работи на Турција. По Аџај беше распишана награда од 500.000 турски лири (околу 71.600 долари) за негово пронаоѓање.
Листата на барани терористи се дели во пет категории според бојата: црвена - најбарана категорија, по која следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени.