Seda Sevencan
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство подготви книга и веб-страница за повторното отворање на џамијата „Аја Софија“ за богослужба по 86 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Aја Софија - аманетот на султанот Фатих Мехмед Хан, заедничкото богатство на човештвото“, е подготвена на турски, англиски и арапски јазик и беше делена на свеченото отворање на џамијата.
Отворена е и веб-страницата ayasofyacamii.gov.tr, на турски и англиски јазик.
На веб-страницата се дадени извадоци од книгата и фотографии од „Аја Софија“.
„Аја Софија“ служеше како црква 916 години сè до освојувањето на Истанбул, а како џамија во периодот од 1453 до 1934 година, речиси 500 години, а до извесно време како музеј цели 86 години.
Една од најпосетуваните историски градби во Турција од домашни и странски туристи, во 1985 година, во периодот кога служеше како музеј, „Аја Софија“ беше додадена на Листата на светско наследство на УНЕСКО.
На 10 јули, турскиот суд го поништи декретот на Кабинетот од 1934 година, со кој „Аја Софија“ беше претворена во музеј, отворајќи го патот за нејзино користење повторно како џамија по 86 години.