Zafer Fatih Beyaz
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Од 1-ви јануари 2015 година до денес на копнените граници на Република Турција приведени се 1.139 членови на терористичката организација ДАЕШ, кои на илегален начин се обиделе да ја преминат границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се наведува во соопштението на Генералштабот на Република Турција, во последните пет месеци од 2015 година забележан е пораст на приведени терористи од 90 отсто.
Приведени се 643 припадници на терористичката организација ДАЕШ кои на нелегален начин се обиделе да влезат во Турција, а 496 припадници на ДАЕШ, пак, се приведени во обид преку Турција да влазат во Сирија.
Бројот на приведени терористи во јануари 2016 година е 3,5 отсто поголем во однос на истиот период минатата година. Посебно чести обиди за нелегални преминувања на турската граница се забележани во местото Елбејли, во близина на турско-сириската граница.