Buket Güven
04 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар и неговиот американски колега Марк Еспер телефонски разговараа за активностите за воспоставување безбедносна зона во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар и Еспер ја разгледаа ситуацијата во Сирија и ги разменија своите ставови.
За време на разговорот е нагласено дека нема да биде дозволено формирање на терористички коридор јужно од Турција, која за време на офанзивата „Штитот на Еуфрат“ неутрализираше над 3.000 припадници на терористичката организација ДЕАШ.
Тие исто така разговараа и дека доколку дојде до застој во формирањето на безбедносната зона долж границата, на длабочина од 30 километри, ќе бидат запрени активностите и дека Турција е одлучна во тоа.
Турција од САД побара во потполност да го запрат пружањето поддршка на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, особено кога станува збор за оружје и вооружување.
Нагласено е дека Турција не сака безбедност само за себе и својот народ, туку за сите верски и етнички групи кои живеат во регионот.
Тие разговараа за тоа дека конечната цел е да се стави крај на секаква присутност на терористите на северниот дел на Сирија и да се воспостави коридор за сириските бегалци да можат да се вратат во своите домови.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август се договорија околу формирање на безбедносна зона на северниот дел на Сирија и воспоставување на коридор за раселените Сиријци кои сакаат да се вратат дома.
Сепак, турските официјални претставници изјавија дека САД не придонесуваат доволно во воспоставувањето на зоната, која би можела да биде дом за 2 до 3 милиони Сиријци, кои поради војната во таа земја мигрираа од 2011 година.
Во моментов Турција обезбедува дом на околу 3,6 милиони сириски бегалци, повеќе од која било друга земја во светот. Анкара досега потроши околу 40 милијарди долари за бегалците. Турција исто така активно се бори против тероризмот, особено против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци.
ЈПГ/ПКК и ПЈД/ПКК се сириски ограноци на терористичката организација ПКК и фокус на антитерористичката операција „Маслинова гранка“ во Африн, Сирија, недалеку од границата со Турција.