Büşra Nur Bilgiç
04 Октомври 2019•Ажурирај: 05 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Американските и турските трупи денеска ја спроведуваат третата заедничка копнена патрола во планираната безбедносна зона во северниот дел на Сирија, долж сириско-турската граница, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Започна третата копнена патрола во планираната безбедносна зона источно од реката Еуфрат и Тел Абјад со учество на Соединетите Американски Држави (САД) и припадниците на турската армија, копнени возила и беспилотни летала“, соопшти на Твитер турското Министерство за национална одбрана.
Турските и американските сили треба да спроведат копнена патрола во сирискиот град Тел Абјад.
Првата заедничка копнена патрола во зоната американските и турските трупи ја извршија на 9 септември.
Турските и американските воени официјални претставници на 7 август потпишаа договор дека безбедносната зона во северниот дел на Сирија ќе служи како мировен коридор за раселените Сиријци кои сакаат да се вратат во своите домови. За таа цел е формиран и заеднички оперативен центар во Турција.