Osman Bilgin
24 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
АДАНА/ДИЈАРБАКИР
Турските безбедносни сили утринава спроведуваат опсежни антитерористички акции во чии рамки досега од слобода се лишени најмалку 47 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на Државното обвинителство во јужната турска област Адана издаде налог за приведување 20 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК.
Постапувајќи по налогот, турската полиција започна симултани акции во Адана, Ширнак и Тунџели и приведе 18 осомничени. Во тек е потрагата по преостанатите двајца осомничени.
Меѓу осомничените се и актуелни и поранешни истакнати членови на Народната демократска партија (ХДП) и Партијата на демократски региони (DBP).
Кабинетот на Државното обвинителство во југоисточната турска област Дијарбакир издаде налози за приведување 34 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК.
Полицијата започна опсежни антитерористички акции во Дијарбакир, Истанбул, Батман, Анталија и Тунџели и досега од слобода лиши 29 осомничени. Во тек е потрагата по преостанатите осомничени.
Меѓу приведените се и поранешниот градоначалник на Батман, Сабри Оздемир, и челникот на ХДП во областа Дијарбакир, Чабар Лејгара, како и други регионални и локални челници на ХДП.
Властите на Република Турција ја обвинуваат партијата ХДП за активна поврзаност со терористичката организација ПКК.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени.