Orhan Onur Gemici
27 Август 2016•Ажурирај: 28 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во Турција е изменет Правилникот за облекување на женските полициски службеници, а според новиот правилник полицајките под полициската капа можат да носат марама, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката за измена во Правилникот за облекување на женските полициски службеници објавена е и во Службен весник, според што и стапи во сила.
Во досегашниот Правилник за облекување стоеше дека на полицајките им е забрането да под стандардната полициска униформа, полициска капа и шешир облекуваат цивилни јакни, елеци или друга облека.
Според новото правило, односно како што сега пишува во петтиот член на Правилникот за облекување, на полицајките им е забрането освен стандардната опрема, полициски капи или шешири да облекуваат цивилни јакни, елеци и друга облека, со исклучок на предмети за облекување со боја на униформа и без дезен, со кои ја прикриват главата, под услов да не го прекриваат лицето.