Burhan Ateş
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
ХАТАЈ
Со завршувањето на полицискиот час како мерка за заштита од Ковид-19 и затоплувањето на времето, планината Аманос е поплавена од планинари и фотографи аматери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Љубителите на природата и фотографите аматери кои дојдоа на ридот Мигир, кој се наоѓа на надморска височина од 2.240 метри во областа Хаса, уживаа во свежиот воздух и природните убавини на планината.

Посетителите се прошетаа во шумата и фотографираа со своите мобилни телефони и камери.
Четин Маден, кој ја посети планините Аманос, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) истакна дека по завршувањето на полицискиот час како мерка за заштита од Ковид-19 се чувствуваат многу добро од ваквото патување.
Наведувајќи дека во регионот дошле како група и се препуштиле на убавините на природата, Маден рече: „Прошетавме меѓу различни природни растенија. Бевме среќни и се забавувавме. Препорачувам пријателите кои ја сакаат природата да дојдат и да ги видат овие места.“
