İlker Girit
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Турскиот министер за одбрана Фикри Ишик, денес изјави дека Германија не треба да ги прифати барањата за азил на 40 поранешни турски војници поврзани со обидот за државен удар на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјава за новинарите во канцеларијата на гувернерот на северозападната турска област Едрене, Ишик рече дека војниците се отпуштени од армијата по неуспешниот обид за државен удар, кои потоа побарале азил во Германија.
Тој нагласи дека германските власти и судството мора да им пристапи многу внимателно и да ги отфрли барањата за азил.
Тој исто така рече дека ќе го покрене ова прашање пред својот германски колега на Конференцијата за безбадност на НАТО во Минхен, следниот месец, додавајќи дека барањата за азил се апсолутно неприфатливи.
„Нашите очекувања од Германија се таа никогаш да не ги прифати барањата за азил“, рече тој.
Турскиот министер истакна дека прифаќањето на таквите барања ќе има последици врз билатералните односи.
Ишик ги повика сите земји да соработуваат со Турција во борбата против тероризмот: „Турција е искрена во врска со ова, и се бори против терористичките организации многу сериозно“.
Вчера, министерот за одбрана, исто така остро ја критикуваше одлуката на грчкиот суд да не ги екстрадира осуммте пучисти кои избегаа од Турција. Тој ја окарактеризира судската одлука како разочарувачка, и како политичка одлука.