Derviş Çömez
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
МЕРСИН
Пожарникарите во турскот медитерански град Ердемли спасија мачка која била заглавена на балкон од стан на деветтиот кат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите во областа Мерсин пријавиле дека мачката било заглавена на балкон од празен стан.
По пријавата, пожарникарната единица дошла и со помош на кран успеала да дојде до балконот и да ја спаси мачката.
Пожарникарите потоа и дале храна на мачката и ја пуштиле во дворот на квартот.
Беџати Онатоглу за АА изјави дека неколку дена слушнал цимолење на мачка, а дека пожарникарите ги повикал веднаш штом сфатил дека звукот доаѓа од балкон на стан во кој сопствениците престојувале само за време на летните одмори.
„Пожарникарите покажаа голема храброст и емпатија и сторија се за да ја спасат мачката која на балконот најверојатно дошла така што паднала низ оџак за скара“, изјави Онатоглу.