İbrahim Erikan,Sebahatdin Zeyrek
03 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
МЕРСИН (АА) - Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, Берат Албајрак, денес во Мерсин изјави дека продолжувањето на изградбата на нуклеарна централа „Аккују“ ќе започне во 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Почетните работи на изградбата на објектот ќе започнат во 2017 година бидејќи целта на Турција е во 2023 година, на 100-годишнината од републиката да го стави во употреба првиот реактор“, изјави Албајрак во изјавата за АА, при посетата на местото Ѓулнар кај Мерсин, каде што ќе се изгради нуклеарната централа „Аккују“.
Албајрак потсети дека изградбата на нуклеарната централа е најголема инвестиција во Турција досега, кога се во прашање вложувањата во изградбата на еден објект.
Тој додаде дека изградбата на нуклеарната централа е најзначаен проект на Турција и сон што трае во последните шест децении.
Планирана е изградба на четири реактори со сила од по 1.200 мегавати.