Hakan Burak Altunöz
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
БАЈБУРТ (АА) - Потрагата по новинарот на Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Нишанџи, кој во петокот падна во провалија во текот на следењето на работите на патот меѓу турските градови Бајбурт и Трабзон, продолжува и денеска, во петтиот ден од неговото исчезнување.
Голем број припадници на Агенцијата за вонредни состојби, безбедносните сили на Турција, итната помош и други, кои во текот на изминатите денови интензивно трагаа по новинарот на АА, од утринските часови се повторно на терен и ги пребаруваат подрачјата во Трабзон и Бајбурт.
На терен се тимови од Бајбурт, Трабзон, Ризе, Ерзурум, Ѓумушане и Анкара, а меѓу нив се наоѓаат и нуркачи. Екипите денеска продолжуваат да ја пребаруваат реката.
Нишанџи беше на новинарска задача на планината Соганли, висока 3.500 метри, каде што ги следеше работите на патот кој ги спојува градовите Бајбурт и Трабзон. Планинарите неговиот апарат и статив ги пронајдоа на околу 60 метри под местото од кое паднал.
Во обид да забележи фотографија, Нишанџи застанал на парче снежна маса кое се скршило, при што паднал во провалија.