Ekipa
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција на безбедносните сили на Турција уапсени се најмалку 7 лица, меѓу вкупно 14 за кои е распишан налог за апсење поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на истрагата која ја води Републичкото обвинителство во Анкара, објавен е налог за апсење на вкупно 14 лица, за кои е утврдено дека го користеле „БајЛок“, системот за шифрирана комуникација меѓу припадниците на ФЕТО.
Во рамките на акцијата досега се уапсени најмалку 7 лица, а станува збор за вработени лица во приватни и државни претпријатија.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, за значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во рамките на тие институции во 1980-тите години, и на 15 јули 2016 година да го изведе неуспешниот обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.