Турција: При премин во Сирија убиени се 18 терористи на ПКК
Mеѓу убиените се и двајца таканаречени водачи на ПКК
Fatjon Prronı
18 Април 2016•Ажурирано: 18 Април 2016
Ankara
АНКАРА (АА) - При обид за преминување во Сирија, во југоисточната провинција Мардин денес се убиени 18 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопштија извори од Генералштабот на Вооружените сили на Турција, меѓу убиените се и двајца таканаречени водачи на ПКК.