Çiğdem Pala
18 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Ние не сме и нема да бидеме робови на никој друг освен на Бог, рече претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во обраќањето на програмата по повод одбележувањето на раѓањето на пратеникот Мухамед, јавува Anadolu Agency (AA).
„Зарем ние не ја плаќаме цената на тероризмот? Да, ја плаќаме. Видете колку луѓе умираат. Се разбира, не можеме да запреме. Со акциите ќе одиме до крај. Зошто? Ќе продолжиме со цел зачување на единството и благосостојбата”, рече Ердоган.
Тој рече дека на неодамнешниот Самит на Организацијата за исламска соработка (ОИК) потсети дека „ние не сме шиитска ниту сунитска вера, имаме само една вера, тоа е исламот”.
„Може да бидете било која нација, било која етничка припадност, може да бидете Турци, Курди, Киркашијци, Грузијци, Бошњаци, но она што нè обединува е исламот. Ние сме муслимани и тоа ни е заедничко”, рече претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Eрдоган.
Турскиот претседател додаде дека „не ни прилега да робуваме на робовите, а не сме и нема да бидеме робови на никој друг освен на Бога.”