Sarp Özer
14 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција објави дека турските погранични единици во местото Хатај привеле терорист со француско потекло, кој се наоѓа на црвената листа, при обид на илегален начин да влезе во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го издаде турското Министерство се наведува:
„На подрачјето Рејханли во местото Хатај приведено е лицето С.Ж. со потекло од Франција, кое се наоѓа на црвената листа, во обид по илегални патишта од Сирија да влезе во Турција. По спроведената истрага утврдено е дека приведеното лице е припадник на структурата „Фиркатул Гурба“ во која членуваат лица со потекло од Франција. Лицето кое се обидело да се претстави под друго име предадено ѝ е на полицијата на Рејханли.“