Muhammed Boztepe
14 Декември 2020•Ажурирај: 15 Декември 2020
АНКАРА (АА)- Министерството за внатрешни работи на Турција информираше дека во рамките на операцијата „Гром-7“ (Yıldırım-7), спроведена против наркотероризмот, запленети се 1 тон и 16 килограми марихуана во руралните предели на местото Лиџе во областа Дијарбакир, со што му е зададен голем удар на финансирањето на тероризмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави турското Министерство се наведува дека Командата на обласната жандармерија на Дијарбакир ја спровела операцијата „Гром-7“ во руралните предели на местото Лиџе.
Во рамките на операцијата запленети се вкупно 1 тон и 16 килограми марихуана, од кои 847 килограми кристали од марихуана, 124 килограми хашиш и 45 килограми сканк.

Откриени се и две терористички засолништа во кои се пронајдени големи количества храна и средства за преживување.
Министерството за внатрешни работи на Турција во соопштението истакнува дека без прекин ќе ги продолжи операциите со кои му задава тежок удар на финансирањето на тероризмот.
Терористичката организација ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште од 1980-тите години.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.