Burcu Arik
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
КАЈСЕРИ (АА) - Најмалку 20 војници се приведени денес во Турција поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносни извори истакнаа дека приведувањата се реализираат откако јавните обвинители во централната турска област Кајсери издадоа налози за 41 војник, меѓу кои за 31 војник на должност, како дел од истрагата за инфилтрација на приврзаници на ФЕТО во војската.
Осомничените се приведени за време на паралелни акции спроведени низ 16 области, соопштија изворите, додавајќи дека во тек се операциите за приведување на преостанатите осомничени лица.
ФЕТО и нејзиниот лидер Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 250 лица, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стојат и зад долготрајната кампања за соборување на демократски избраната власт преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.