Burak Dağ
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ/КОЏАЕЛИ/АНКАРА/НИДЕ
Турските безбедносни сили денес приведоа 62 лица за кои постојат наводи дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најмалку 23 припадници на ФЕТО се приведени во истовремени операции покренати од Истанбул низ 19 области, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Приведувањата се извршени откако од канцеларијата на јавниот обвинител се издадени налози за приведување на 54 осомничени лица, вклучувајќи 42 поранешни студенти на воено училиште, војник на должност и отпуштен војник, како дел од истрагата за инфилтрирањето на терористичката организација во турските вооружени сили.
Осомничените се обвинети за комуникација со „тајните имами“ (високи членови на ФЕТО) преку говорници.
Во меѓувреме, во истовремени операции покренати од Ниде низ седум области, приведени се 25 осомничени лица.
Приведувањата се извршени откако обвинителите во централната област Ниде издадоа налози за приведување на отпушени полициски службеници поради нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Најмалку уште девет осомничени припадници на ФЕТО, вклучувајќи двајца војници на активна должност, се приведени во операцијата во северозападната област Коџаели, која се прошири во четири други области.
Полицијата спроведе операција и во главниот град Анкара и приведе пет осомничени припадници на ФЕТО.
Приведувањата се извршени откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведуње на 22 осомничени лица поради користење на апликацијата „БајЛок“, тајниот систем за комуницирање користен од терористите на ФЕТО и дека комуницирале со членови на терористичката организација преку говорници.
Потрагата по останатите осомничени е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.